„Аркан ‘украде’ моја песна за Цеца, за неа мислам сè најлошо“ – Јелена Карлеуша откри нови детали за непријателството со Цеца (видео)

„Јас за Цеца мислам сè најлошо, но не и за нејзините песни. Всушност, нејзината 'Вретено', јас ја платив за мене и ја отпеав во студио, па ми се јави Мили и ми рече: Еј Јецо, Аркан ја слушна песнава и му се допадна мора да ѝ ја дадеме на Цеца, те молам. И така ми ја украде“ – вели Јелена Карлеуша и откри нов скандал помеѓу неа и Ражнатовиќ.

arkan-ukrade-moja-pesna-za-ceca-za-nea-mislam-se-najlosho-jelena-karleusha-otkri-novi-detali-za-neprijatelstvoto-so-ceca-01.jpg

Естрадната војна помеѓу Јелена Карлеуша и Цеца трае повеќе од 20 години, а во нивниот конфликт е вклучен и Аркан, сопругот на Цеца кој беше убиен.

Луѓето толку време се научени дека овие две пејачки не се сакаат, што не се ни сеќаваат на периодот кога тие имале почит една за друга.

Карлеуша посебно, како и за сите теми, секогаш е отворена и гласна за односот и мислењето за нејзината колешка, а овој пат, изненади со изјавата дека нема ништо против нејзините песни, па дури и ги сака.

За време на снимањето на Пинкови ѕвезди, каде што Јелена е дел од жирито, беше прашана за песните на Цеца, па одговори:

„Јас на моите кандидати им давам песни од Цеца и тоа е така. Јас за неа мислам сè најлошо, но не и за нејзините песни, песните не се виновни“ – вели таа, а на прашањето која песна од Цеца ѝ е омилена, одговара:

„Па, многу песни на Цеца, требало да бидат мои или прво биле мои, бидејќи имавме исти автори, на пример Марина Туцаковиќ, па на пример кога јас ќе отфрлам некоја песна, одеше кај Цеца.

Песна која јас не ја земав е ’39 sa 2’. Беше напишана за мене, а песна која јас ја отпеав е Вретено.

Ја отпеав во студио и ја платив, а потоа ми се јави Мили и со плачлив глас ми рече:

'Еј Јецо, Јецо, да ти кажам, Аркан ја слушна оваа песна и многу му се допадна и мора да ѝ ја дадеме на Цеца. Ќе ти дадам јас тебе некоја друга песна, ајде те молам’.

И така, затоа што му се допаднала на Аркан, ми ја украде песната и отиде кај Цеца“.

Погледнете го видеото:

Слушнете ја песната:

Инаку, на снимањето на шоуто, Карлеуша се појави со променет имиџ, со долга розова коса, облечена во црна провидна креација која го истакна нејзиното фит тело. 

/

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg