„Благословена сум што те имам“ - Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, откако Цеца откри каква е како свекрва
- Детали
- среда, 08 април 2026
„Немања, сакај ги оние кои тебе со гордост те сакаат, почитуваат и ценат. Толку сум благословена што те имам во мојот живот“, му порача Анастасија на сопругот, откако Цеца проговори за односот со него.

Анастасија Ражнатовиќ сподели емотивна фотографија со својот партнер, Немања Гудељ. Taa го прегрнува додека се на спортски терен.

Во описот на фотографијата на Инстаграм Стори му се обрати јавно со емотивни зборови, јасно кажувајќи колку ѝ значи нивната љубов.

Анастасија вели:
„Немања, сакај ги оние кои тебе со гордост те сакаат, почитуваат и ценат. Толку сум благословена што те имам во мојот живот“.

Инаку, Цеца неодамна во емисијата „Ceca show“ проговори за односот со зетот, Немања Гудељ.
„Никогаш не сум била „луда“ свекрва за зетот да има страв од мене.
Мене мојот зет ме обожава. Да се мешам и да им приговарам и да имам став и мислење за сè и сешто или за снаата... Јас не сум таков тип!
Имам свој живот и ги пуштив моите деца да ги живеат своите животи, бидејќи тие им припаѓаат ним“.
Анастасија и Немања Гудељ од почетокот на врската беа нераздвојни, па набрзо почнаа да живеат заедно, а по венчавката Анастасија се пресели во Шпанија.

Во една пригода призна дека најмногу ѝ недостасува нејзината мајка, Цеца.
„Бев принудена во Севиља да зборувам на шпански, бидејќи никој не зборува англиски. Не ми беше тешко да научам, имав предзнаење од теленовелите.
Мајка ми најмногу ми недостасува, ние сме многу поврзани. Како најдобри другарки сме и сè што ми се случува, прво ѝ го кажувам нејзе“.
