Важи за најзгоден српски фраер, зад себе има развод и борба со алкохол - Кој е пејачот Владан Савиќ?
- Детали
- петок, 10 април 2026
Со кореографијата на концерт, каде 7 девојки го расоблекуваат до боксерки, фронтменот на „Магла бенд“ уште еднаш покажа зошто го носи епитетот „најзгоден српски фраер“. Кој е Владан Севиќ?

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“ со години носи епитет на еден од најголемите фраери на српската естрада.
Тоа го потврди и деновиве, на концертот што со својот бенд го одржа во „Сава центар“ во Белград, кога седум девојки го расоблекоа на сцената додека пееше, па остана по боксерки, а потоа го облекоа во нов аутфит во текот на истата песна.

Кореографијата е и забавна и провокативна, а Владан повторно се најде во прв план поради мускулестото тело и бројните тетоважи.
Но, овој музичар немал лесен живот.

Зад него е борба со алкохолизмот, депресија, многу сеанси поминати со психијатар и развод, за кој вели дека не бил болен и токму поради тоа денес тој и бившата сопруга се сложуваат добро, но и заедно се грижат за нивната ќерка.

Што знаеме за Владан Савиќ?
Роден е 1988 година во Белград.
Во 2010 година станал член на „Магла бенд“ и оттогаш со нив гради музичка кариера.

Во брак е со Марија, а пред неа бил венчан со Јована Јоциќ, со која во 2019 ја доби ќерката Анѓелија. Но, парот се разведе во 2022.
Разводот не бил причината за неговата борба со алкохолот.

Во едно скорешно интервју тој рече дека почнал да се опива уште пред тоа, но дека разделбата со мајката на неговото дете не ја поднел добро.
„Голем емотивец сум и ми беше тешко. Тоа се случи по короната, кога изгубив драги луѓе, пријатели, беше стресен период.
Не бев среќен кога ќе си дојдам дома. Среќен бев само кога ќе ја гушнам ќерка ми, кога си играв со неа. Баш имав тежок период и тоа беше првиот бран од кој не можев да најдам излез.
И така некако свесно почнав да пијам, да побегнам од реалноста, вистината.
Подобро тоа отколку наркотици, но сепак создава зависност.
Станував, прво пиев пиво, ракиичка, па потоа ми почнуваше денот“, рекол Влада и признал дека тогаш многу време поминувал во кафеани.
