Важи за најзгоден српски фраер, зад себе има развод и борба со алкохол - Кој е пејачот Владан Савиќ?
Сам решил да оди на психијатар, каде што зборувал за проблемите во бракот и тоа му помогнало многу да изгради добар однос со бившата жена по разводот.
„Благодарение на сеансите, успеав да изградам прекрасен однос со Јована, поминувам квалитетно време со моето дете.
Не сакаме таа да има трауми поради нас. Таа е дете полно со љубов“, вели Владан.

Психијатарот му предложил да зема терапија со антидепресиви за да си го подобри расположението, но Владан не прифатил да пие лекови.
Од друга страна, решил да престане да пие алкохол и денес многу ретко знае да се напие по некоја чашка, на прослава.

Често знае да каже дека јавноста го перципира погрешно.
„Се изнаслушав за себе дека сум и геј и наркоман, а не сум ни едно ни друго. Но, народот секогаш ќе има нешто да каже“, рекол тој.
Повеќе фотографии:






А. Ј. | Црнобело