Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата на Лука Јовиќ?
- Детали
- понеделник, 13 април 2026
Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 години доби син со бившата девојка Анѓела, а потоа се дозна дека случајно останала бремена додека имале кратка авантура откако раскинале. Сега и таа е во среќен брак и има уште две деца, покрај заедничкиот син Давид, кој е одлично прифатен и во семејството на Лука со другите деца.

Во 2022 фудбалерот Немања Бранковиќ и Анѓела Маниташевиќ го кажаа судбоносното „да“, a направија бајковита и луксузна свадба.
Поранешната девојка на српскиот фудбалер Лука Јовиќ, Анѓела Маниташевиќ, ја живее својата семејна идила со новиот сопруг Немања Бранковиќ и со своите три деца.
Многупати таа и Лука се во фокус на медиумите заради нивната скандалозна приказна, кога таа му роди дете додека тој беше во врска со Софија Милошевиќ, со кого сега имаат и две заеднички деца Алексеј и Теодор.
Во тој период Лука се најде среде скандал дека ја изневерувал саканата со Софија, а пак Софија беше на удар дека му го растурила семејството.
Сепак, подоцна, Анѓела ја разјасни приказната.
Анѓела и Лука Јовиќ се забавувале во периодот од 2014-та до 2016-та година, а потоа пријателски се разделиле.
Во 2018-та старата искра повторно накратко се разгорела и повторно се прекинала, но таа непланирано останала бремена.

Сепак тие решиле таа да го роди синот Давид, иако Лука веќе бил на почетоците на врската со Софија, која сега одлично го прифаќа неговиот прв син што тој го добил на свои 22 години.
Кратко потоа, Анѓела започнала љубовна врска со сегашниот сопруг, Немања Бранковиќ, со кого се венча во 2022 година.
Заедно со него ја има ќерката Лола, а во 2025 го роди и третото дете, ќерката Мила-Атина.
Претходно, кога правеа откривање на полот, многумина коментираа дека целото семејство е многу чудно и дека изгледаат како да немаат посебна емоција кога се појавува розовиот чад.
