„Се разведов на 37, без деца, а сакав да сум мајка“ - Исповед на Марија Килибарда која доби ќерка на 44 години
- Детали
- петок, 10 април 2026
„Кога ќе се разведеш на 37 години, без дете, а сакаш, па не можеш да се заљубиш 3 години, сфаќаш колку е важна семејната поддршка. Кога им реков дека ќе бидам сама во оваа приказна, семејството ми рече: „Не си сама“. Бане го запознав на 40, а на 44 ја родив Сења“, вели омилената српска водителка Марија Килибарда.

Марија Килибарда, една од најпопуларните српски водителки, на 40 години го пронајде мажот на својот живот на 40, а на 44 години ѝ се оствари една од најголемите животни желби - да стане мајка.
Таа често зборуваше отворено за својата желба за потомство, која конечно ѝ се оствари со раѓањето на ќерката Сења.

Девојчето, кое го доби со партнерот Бранислав Вучелиќ, ѝ го промени животот и ѝ донесе незамислива среќа.
Во гостување во подкастот за родителство, „Simply Parent“, Марија се потсети на тешките денови кога сè уште сонуваше за бебе.

„Кога ќе се разведеш на 37 години, без дете, а сакаш дете, и потоа не можеш да се заљубиш три години, тогаш сфаќаш колку е важна семејната поддршка.
Кога реков дека сакам дете и дека ќе бидам сама во оваа приказна, моето семејство ми рече: „Не си сама“.
Тогаш мојот психијатар рече: „Маро, почекај уште малку, не е важно дали е на 40 или 42 години, но статистички е невозможно да не се заљубиш повторно“.
Кратко потоа, Бане влезе во мојот живот. На 40 години го запознав него, а на 44 ја родив Сења“, вели таа.

Марија смета дека животот ѝ го донел саканиот, затоа што неговата желба за дете била исто толку силна како и нејзината.
„Тоа беше точката на поврзување. Се запознавме, за 15 минути се скаравме и веднаш се договоривме да имаме дете.
Потоа започна карантинот, па веднаш почнавме да живееме заедно и да ја чекаме Сења“, вели Марија.
