Маја Шупут (46) ужива покрај дечкото (27), по разводот - постојано патуваат и модно доминираат
- Детали
- недела, 12 април 2026
Сопругот заводник, со кој беше 6 години во брак и со кого го доби синот Блум (5), го замени со уште поголем заводник. Маја Шупут ужива во љубовта со 27-годишниот Шиме Елез.

Маја Шупут ужива во љубовта со Шиме Елез.
Парот повторно е во нова заедничка авантура. По Париз и Фиренца, тие отпатува во Мадрид.
Маја за патувањата носи спектакуларни аутфити и заедно се навистина впечатлив, моден пар.

Откако во последно време почнаа да кружат гласини за нивна разделба, Маја Шупут и нејзиниот 19 години помлад партнер Шиме Елез јасно ставија до знаење дека сè уште се во љубов.

Инаку, католичкиот Велигден Маја го помина во сончевиот Дубровник во друштво на својот син Блум.
Тие беа повторно модно усогласени.


Маја се разведе од својот сопруг Ненад Татаринов во 2025 година.

Веста беше објавена во јавноста на почетокот на јуни 2025 година, а разводот бил по околу 6 години брачен живот.

Тие се венчаа на 12 мај 2019 година, а во март 2021 година го добија синот Блум.
