Второ пукање во училиште во Турција за два дена – осмоодделенец убил девет лица, ранил над 20

За помалку од два дена, Турција се соочи со уште една трагедија – осмоодделенец извршил вооружен напад во неговото училиште при што убил осум ученици и еден наставник, а повредил 20-тина лица. Турција има многу строги закони за огнено оружје, па ваквите инциденти се вистинска реткост

vtoro-pukanje-vo-uchilishte-vo-turcija-za-dva-dena-osmooddelenec-ubil-devet-lica-ranil-nad-20-01.jpg

Турција се соочува со нова трагедија – по пукањето во училиште во вторникот, ист инцидент се случил и вчера (15.04), а овој пат, за жал, има и жртви.

Нападот се случил во основното училиште Ayser Calik во Кахраманмараш во централна Турција.

Напаѓачот е 14-годишен ученик од училиштето.

На потресните снимки и фотографии од училиштето се гледа како учениците и наставниците панично бегаат, а некои дури и скокаат преку прозорите за да се спасат.

За локалните медиуми некои очевидци раскажуваат дека родителите на децата веднаш дошле пред училиштето штом слушнале за инцидентот, а оние кои ги нашле своите деца цврсто ги прегрнувале.

Според надлежните, девет лица го загубиле животот – еден наставник и осум ученици.

Надлежните потврдија и дека нападот е осмоодделенец кој дошол во училиштето со неколку огнени оружја.

vtoro-pukanje-vo-uchilishte-vo-turcija-za-dva-dena-osmooddelenec-ubil-devet-lica-ranil-nad-20-02.JPG

„Осмодделенецот кој го предизвика инцидентот е еден од нашите ученици, а татко му е поранешен полицаец. Се сомневаме дека ги има земено неговите оружја.

Дојде со пет пиштоли и седум шаржери и влезе во две училници. И напаѓачот е мртов – се застрела самиот“, сподели гувернерот Мукерем Унлуер.

Турскиот министер за внатрешни работи изјави дека започната е обемна истрага, како и дека го даваат најдоброто од себе да ја заштитат областа, но и да им дадат поддршка на засегнатите семејства.

Тој сподели дека има 20-тина повредени, а на сите им е укажана соодветна медицинска помош.

Името на напаѓачот уште не е откриено, но на Твитер се споделуваат фотографии кои се наводно од него. Сепак, ова не е официјално потврдено и засега се само шпекулации.

За потсетување, пред помалку од два дена, 17-годишен дечко изврши вооружен напад во стручно училиште и повреди 16 лица.

Кога полицијата го опколила, тој извршил самоубиство.

За двете трагедии се огласи турскиот претседател кој истакна дека сите одговорни ќе бидат изведени на суд.

Турција има многу строги закони за огнено оружје и потребна е посебна лиценца, регистрација, но и проверка на ментална состојба ако некој сака да поседува оружје.

vtoro-pukanje-vo-uchilishte-vo-turcija-za-dva-dena-osmooddelenec-ubil-devet-lica-ranil-nad-20-03.JPG

Доколу некој поседува оружје нелегално, може да се соочи со строги казни.

Токму поради ова, ваквите инциденти се вистинска реткост во Турција. Претходно, сличен инцидент имаше во 2024 година, кога ученик бил избркан од приватно училиште, по што го застрелал и убил директорот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Душко Тошиќ си позира со помалата ќерка во Турција, откако се огласи против Карлеуша: „Има ли крај?“ „По толку години... За што и да се зборува, Јеца постојано зборува за Душко. Има...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ пома... „Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гл...
Маид Хеќимовиќ направи забава за откривање на полот на 4-тото дете - Се прослави во „Х-фактор“ со Да... Даниел Кајмакоски напиша: „Маиде, честитки од срце… Мора да е некоја кралица што...
Едита раскина со мажот со кого чека дете - Бил мета на убиство, по грешка му ја убиле тогашната дево... Само неколку недели откако Едита Арадиновиќ објави дека е бремена и чека дете со...

Најчитани неделава