Страшни сведоштва по пукањето во средно училиште во Турција: „Легнавме на земја, некои скокаа од прозорец“

Денес, во средно училиште во југоисточниот дел на Турција имаше вооружен напад од страна на поранешен ученик. Напаѓачот извршил самоубиство откако полицијата го опколила, но претходно ранил дури 16 лица. Мотивот уште се истражува, а инцидентот е огромен шок за јавноста особено бидејќи ваквите настани се реткост во Турција.

strashni-svedoshtva-za-pukanjeto-vo-sredno-uchilishte-vo-turcija-legnavme-na-zemja-nekoi-skokaa-od-prozorec-01.jpg

Денес (14.04) во југоисточниот дел на Турција 19-годишен дечко почнал да стрела во неговото поранешно училиште со пушка, при што повредил најмалку 16 лица.

Бруталниот напад се случил во средното стручно училиште Ahmet Koyncu во Сиверек.

strashni-svedoshtva-za-pukanjeto-vo-sredno-uchilishte-vo-turcija-legnavme-na-zemja-nekoi-skokaa-od-prozorec-07.JPG

Гувернерот Хаса Силдак веднаш излезе со детали за нападот, откривајќи дека била повикана специјална единица, како и дека 19-годишниот напаѓач си го одзел животот.

„Си го одзеде животот кога беше опколен од полицијата. Го евакуиравме училиштето и ќе спроведеме темелна истрага за овој трагичен инцидент“, сподели гувернерот.

Според него, напаѓачот бил поранешен ученик во училиштето каде што поминал една година. Истовремено, тој немал никако криминално досие.

На снимките од турските телевизии се гледаат полициски и амбулантни возила пред училиштето, а има и потресни инсерти од безбедносните камери на кои се гледа ако напаѓачот влегува внатре, а учениците почнуват да бегаат.

strashni-svedoshtva-za-pukanjeto-vo-sredno-uchilishte-vo-turcija-legnavme-na-zemja-nekoi-skokaa-od-prozorec-04.JPG

Повредните ученици и наставници веднаш биле однесени во болница, додека за петмина се верува дека се во покритична состојба.

За турската телевизија TRT се огласи еден од преживеаните ученици кој открива дека напаѓачот влегол во најмалку две училници.

„Прво легнавме на земјата, потоа двајца соученици скокнаа од прозорецот. Не ни рече ништо, само влезе и почна да пука“.

strashni-svedoshtva-za-pukanjeto-vo-sredno-uchilishte-vo-turcija-legnavme-na-zemja-nekoi-skokaa-od-prozorec-06.JPG

Друг сведок за турски медиум вели дека напаѓачот почнала со стрелање веднаш штом влегол во школскиот двор, а трет открива дека продолжил со пукањето и кога влегол внатре.

„Како што влезе во дворот, почна да стрела со пушката што ја носеше. Прво стрелаше лево и десно, па кон училиштето.

Потоа истрча внатре и пукаше кон секој што ќе застанеше пред него. Учениците врескаа, сите бегаа“.

strashni-svedoshtva-za-pukanjeto-vo-sredno-uchilishte-vo-turcija-legnavme-na-zemja-nekoi-skokaa-od-prozorec-03.JPG

Од Министерството за внатрешни работи на Турција споделија дека го знаат идентитетот на напаѓачот.

„Утрово во техничкото училиште Ahmet Koyuncu лоцирано во Сиверек, имаше напад со огнено оружје извршен од О.К. идентификуван како поранешен ученик во училиштето кој е роден во 2007 година.

Според првичната истрага, 10 ученици, 4 наставници 1 полицаец и 1 вработен во училишната кафетерија се повредени, а повредените се однесени во болница.

Лицето кое го изврши нападот со пушка изврши самоубиство со истото оружје по инцидентот“.

strashni-svedoshtva-za-pukanjeto-vo-sredno-uchilishte-vo-turcija-legnavme-na-zemja-nekoi-skokaa-od-prozorec-5.JPG

Истрагата за инцидентот уште трае, а според некои извори, напаѓачот почнал да се расправа со ученик, заминал, па се вратил со оружје. Сепак, ова не е официјално потврдено.

Мотивот уште е нејасен и претставува огромен шок за јавноста, особено бидејќи ваквите инциденти во Турција се ретка појава.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресна исповед на мајка на девојче убиено во масакрот во „Рибникар“: „Ми недостасува секоја секунд... „Не му било доволно еднаш, двапати, трипати, тој седумпати ја застрела ќерка ми....
Второ пукање во училиште во Турција за два дена – осмоодделенец убил девет лица, ранил над 20 За помалку од два дена, Турција се соочи со уште една трагедија – осмоодделенец ...
Душко Тошиќ си позира со помалата ќерка во Турција, откако се огласи против Карлеуша: „Има ли крај?“ „По толку години... За што и да се зборува, Јеца постојано зборува за Душко. Има...
Бресквица има нов дечко, откако раскина со бившиот по 5 години врска и гласините за афера со Лука До... Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше опседнат со неа, но и покрај гласините за...
Невестата со прсти кине месо од вол, торта на 6 ката - Како изгледала свадбата на Саша Поповиќ и Суз... Брена им била кума, гостите „се тепале“ за микрофон и се фалеле колку пари им ос...
Анабела Атијас живее со бившиот сопруг по разводот: „Имаше мрачен период, но повторно се зближивме“ „Не можев да го гледам неговото самоуништување и не знаев како да му помогнам. М...

Најчитани неделава