Црногорски пејач доживеал страшен инцидент на настап: „Маж ми го одгризa увото - заврши во затвор“
- Детали
- недела, 19 април 2026
Данијел Алибабиќ стана познат како член на групата „No Name“, која ја претставуваше тогашната држава Србија и Црна Гора на Евровизија 2005 во Киев. Но, потоа доживеа страшна траума...

Данијел Алибабиќ е пејач од Црна Гора, кој стана познат како член на групата „No Name“, која ја претставуваше тогашната држава Србија и Црна Гора на Евровизија 2005 во Киев.

Таму настапија со песната „Zauvijek moja“ и го освоија седмото место во финалето, што беше голем успех.
По распадот на групата, Данијел продолжи со соло кариера.
Тој по Евровизија доживеал траума кога на еден настап гостин му одгризал дел од увото.

Данијел го тужел човекот кој му нанел телесни повреди, а за стресот што го доживеал јавно зборуваше.
Данијел за регионалните медиуми изјави:
„Бев шокиран на судењето што тој човек не се сеќаваше на ништо, или барем така тврдеше.

Рече дека немал никаков повод, дека испил премногу алкохол и го изгубил разумот.

Доби затворска казна од шест или осум месеци, не сум сигурен.

Имав желба да присуствувам на тоа судење, иако не морав, за да го погледнам тој човек во очи. Сепак, не сме животни.

Неговиот исказ беше навистина болен и се надевам дека никогаш нема да се случи нешто слично.
Оттогаш имам одредена дистанца кога некој ќе ми се приближи на настап.
