Утре се мажи Мелина Џиновиќ со милионерот од Монако - Кумата тргна натаму, гостите ќе доаѓаат со јахти и хеликоптери
- Детали
- петок, 17 април 2026
Таа ќе се омажи за богатиот Англичанец Џефри Пол Арнолд Деј (70). Гостите на свадбата ќе пристигнат од целиот свет и ќе им биде обезбедено сместување во еден од најлуксузните хотели. Ќерка ѝ ќе присуствува, но синот не – тој останал поблизок со татко му Харис Џиновиќ, по разводот.

Модната креаторка Мелина Џиновиќ, поранешна сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, утре ќе се омажи за богатиот бизнисмен Џефри Пол Арнолд Деј во Монако.
Гламурозната прослава ќе се одржи во раскошен амбиент, а гостите ќе пристигнуваат со бродови и јахти, а некои дури и со хеликоптери.

Мелина Џиновиќ по вторпат ќе застане на „лудиот камен“ по разводот од Џиновиќ.
Таа ќе се омажи за богатиот Англичанец (70), а први фотки од нив излегоа кога беа заедно на ревија во Париз.

Гостите на свадбата во Монако ќе пристигнат од целиот свет и ќе им биде обезбедено сместување во еден од најлуксузните хотели.
Прославата ќе биде во еден од најдобрите хотели, омилено место на богаташите и милијардерите од целиот свет, пишуваат српските медиуми.

Инаку, партнерот на Мелина во јуни минатата година добил дете со млада Украинка.
Со неа бил во кратка врска која ја прекинале за време на нејзината бременост.
И покрај тоа, тој не дозволил тоа да влијае на детето и веднаш по раѓањето го признал.

Инаку, од страна на српските медиуми на аеродром снимена е кумата на Мелина Џиновиќ како заминува во Монако на свадбата.
Кума на гламурозната свадба ќе биде Гоца Кариќ, која потекнува од познато семејство.
Скриншот од видео
Гоца ретко се појавува на јавни настани, бидејќи повеќепати изјавила дека не ја интересира таков вид на популарност, иако во џет-сет круговите често е прогласувана за трендсетерка и една од најдобро облечените Србинки.