Не завршила средно, а заработува милиони - Како Александра Пријовиќ стана една од најбогатите пејачки?
- Детали
- четврток, 23 април 2026
„Завршив основно училиште во Бели Манастир и бев одлична ученичка. Потоа се запишав во средно и завршив 3 години, но никогаш четврта. Животот ме однесе на друга страна. Кога ќе ти се случи нешто за кое отсекогаш си фантазирал, како мене пеењето, тогаш игнорираш сè друго. Јас конкретно, го занемарив учењето“, рекла Пријовиќ.

Александра Пријовиќ е една од најпопуларните пејачки, која распродава концерти во големи арени во сите земји од поранешна Југославија.
Фановите се „тепаат“ за билет за нејзин концерт или да се сретнат и фотографираат со неа, а таа избегнува интервјуа и јавни појавувања - може да се види само на концерти на свои колеги или некој голем семеен настан.

Таа во минатото често беше во медиумите поради љубовните врски, пластичните операции со кои целосно си го смени ликот, но и свадбата со посинокот на Лепа Брена, а денес за неа се пишува како за вистинска ѕвезда која има милиони евра на својата сметка.
Пријовиќ не крие дека нема завршено средно училиште, а сепак има огромно богатство.

Како од сиромашно девојче, Александра стана една од најбогатите пејачки на Балканот?
Сè започнало кога имала само 13 години, а таа почнала да ги снима првите песни.
На 14 години решила да си ја проба среќата во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ и иако не поминала при првото појавување, Саша Поповиќ ја повикал повторно на аудиција.

Овој пат стигна до финалето, заврши на 4-то место и како преку ноќ да стекна огромна популарност.
Но, поради кариерата, Пријовиќ го запоставила училиштето и завршила само три години средно.

Пејачката не се срами што не матурирала.
„Завршив основно училиште во Бели Манастир и бев одлична ученичка.
Потоа се запишав во средно училиште и редовно завршив три години, но никогаш четвртата.

Саша Поповиќ сакал да ја исфрли Александра Пријовиќ од „Гранд“: „Ќе ѝ ја уништеше кариерата од инат“