Данијела Димитровска наполни 39 години - блеска покрај новиот сопруг на прославата, никогаш позгодна
- Детали
- четврток, 23 април 2026
„Кога попрво 39?! Една година постара, попаметна... тоа сè уште не го знам, но дефинитивно никогаш посреќна. Ви благодарам за сите прекрасни пораки, желби и честитки, ве сакам до месечина и назад“, напиша таа.

Данијела Димитровска вчера (22.04) наполни 39 години.
Манекенката и сопственичка на агенција за моделинг, која и денес е активна во професијата, изненади многумина кога откри дека е на прагот на петтата деценија и дека в година ќе полни 40 години.

Таа на својот Инстаграм сподели неколку фотографии од роденденската прослава во белградски ресторан, со коктели.
„Кога попрво 39?! Една година постара, попаметна... тоа сè уште не го знам, но дефинитивно никогаш посреќна. Ви благодарам за сите прекрасни пораки, желби и честитки, ве сакам до месечина и назад“, напиша таа.

На една од фотографиите, таа блеска покрај новиот сопруг, Јеврем Косниќ, кој ја држи цврсто околу половината.
За роденденската прослава Данијела избра проѕирна црна блуза која ги истакнува градите.

Димитровска, која пред Јеврем беше во брак со Огњен Амиџиќ, со кого има син, доби бројни роденденски честитки, но и коментари дека никогаш не изгледала толку добро.
Погледнете повеќе фотографии:



А. Ј. | Црнобело