Како Жика Јакшиќ од чистач стана милионер и еден од најмоќните луѓе на српската естрада?
На 18 години заработував повеќе од татко ми и мајка ми заедно, кои имаа некои просечни плати, пристојни плати за луѓе кои работат во канцеларија.
Татко ми возеше „ами 8“, а јас купив половен „стокец“, жолт, речиси нов, и дадов само мои пари за него“, рекол Жика.

Неговиот пат го одвел во Германија, кон крајот на 1980-те години, а таму, освен што се занимавал со музика, морал да работи и најтешки физички работи за да преживее.
Едноставно, не го знаел јазикот, па морал да тргне од самото дно.

„Ме ставија да работам како чистач, додека да го научам јазикот.
Така работев првата сезона, а потоа ме преместија на одржување базени, па го поминав целото лето косејќи трева, чистејќи тушеви околу базенот и слично.
Кога го научив јазикот, почнав да работам како спасител и работев околу четири години“, раскажал Жика.

Но, животниот пат повторно го одвел во Србија, каде што почнал да соработува со Саша Поповиќ, а пред некоја година, во рамките на Гранд продукција ја создаде емисијата „Никогаш не е доцна“, која му донесе милиони и го направи еден од најбогатите луѓе на српската естрада.
„Поради сиромаштијата, сакав да создадам нешто за себе, да живеам убаво, но и да им оставам наследство на двата сина за да не мораат да се мачат како јас“, рекол тој.

А. Ј. | Црнобело