Пораснале заедно, реди успеси: Кој е роднината на Јелена Карлеуша што јавно ја брани?
- Детали
- петок, 01 мај 2026
„Таа стои зад своите зборови и ставови и поднесува огромна жртва. Секогаш зборувала за најтешките теми“, вели Милан Антонијевиќ, еден од најпознатите правници и борци за човекови права во Србија и роднина на Јелена, по таткова линија.

Јелена Карлеуша во една пригода ја изненади српската јавноста кога на Твитер објави ретка фотографија од детството и тоа со свој роднина, по таткова линија, Милан Антонијевиќ.
Милан е еден од најпознатите правници и борци за човекови права во Србија.

„Мојот брат по таткова линија Милан и јас, почеток на 20. век, Австроунгарска монархија, пешадија“, напиша пејачката, а коментарите веднаш ја преплавија објавата: „Колку сте слатки!“, „Вистинско шампионско семејство“, „Музика и правда под ист покрив“.
Милан емотивно за Карлеуша напиша: „Од мали бевме заедно, се поддржувавме, што да ви кажам!“
Антонијевиќ, кој со години е присутен во јавноста како правник, активист и директор на разни фондации, ретко зборува за приватниот живот, но додека Јелена ги поместува границите на музичката сцена, нејзиниот роднина тоа го прави во областа на правото и општествениот ангажман.

Роден е во 1975 година во Белград, каде што завршил гимназија и дипломирал на Правниот факултет, а оттогаш не сопира со надградување на образованието и успесите.

Во една пригода Милан застана зад Карлеуша и изјави дека таа поминала и сè уште поминува низ вистинска тортура, нагласувајќи дека постојано покажува голема храброст.

Тој порача дека никој, па ни таа, не смее да биде прогонуван само поради тоа што има различен политички став.
Милан неа добро ја познава, растеле заедно и се во роднинска врска, па затоа ја опишува како личност која уште од мали нозе имала храброст и решителност прва, јавно и отворено да зборува за теми за кои другите молчеле.

Тој објаснува дека многу од нападите доаѓаат од негативни ставови кон жените, што, според него, е јасно видливо.
Смета дека Карлеуша долго време трпи јавна и медиумска тортура, додека малкумина застануваат во нејзина одбрана.

„Таа стои зад своите зборови и ставови и поднесува огромна жртва.
Но, и државата треба повеќе да се ангажира за да ја заштити, како и јавноста и медиумите кои ја прогонуваат - тие треба да престанат со тоа.

Ако некого постојано го омаловажувате, на тој начин ги поттикнувате луѓето да реагираат негативно, што може да се пренесе и на улица.
Некој може да довикне нешто. Мислам дека и нејзините деца го слушаат тоа.
