Српска инфлуенсерка со моќна порака: „Најголем благослов ми е што на 35 години можам да патувам со мајка ми“
- Детали
- среда, 06 мај 2026
„Ако сè уште ја имате привилегијата вашата мајка, пред сè здравствено да е добра и да може да ви биде сопатник, размислете да ја поведете со вас на некоја следна дестинација“, испраќа моќен апел една од најпознатите патувачки инфлуенсерки во регионот Јована Квржиќ, која ужива на Тенерифе со мајка ѝ.

Српската инфлуенсерка Јована Квржиќ постојано е некаде тргната, а овој пат ужива на Тенерифе со мајка си.
Таа вели дека ѝ е вистински благослов што на 35 години, покрај себе ја има мајка си, и што таа е здрава и можат заедно да патуваат.
Испраќа моќен апел до сите:
„Кога размислувам за моите благослови, еден од најголемите е тоа што и на 35 години можам да патувам со мајка ми.

Патувањата со мајка се поразлични од сите други. Ме учат да забавам, бидејќи таа не може сè со исто темпо.

На овие патувања има и најмногу расправии, затоа што кој во сè се согласува со родителите, а и на кого можете така да викате (иако брзо се каам)...

Овие патувања ми носат грижа, затоа што сè мора да биде како што треба, а од друга страна најмалку се грижам, бидејќи знам дека со мајка ми ништо не може да ми се случи.

Тенерифе беше одлична опција за патување со мајка ми, затоа што не е премногу напорно, а воопшто не е ни здодевно.

Сепак, мајка ми и ден-денес вели дека, иако сака акција, нашето најдобро заедничко патување било на Малдиви. Таму патувавме во април 2023 година.
