Ги остави сопругата и 2-годишната ќерката поради Србинка - Скандалозната љубовна приказна на Тиери Анри и Андреа
- Детали
- недела, 10 мај 2026
Иако Тиери Анри (48) и Андреа (40) живеат хармонично и се посветени на своето семејство, нивната љубовна приказна е скандалозна и не престанува да ја интригира (балканската) јавност.

Легендарниот француски фудбалер, Тиери Анри, со години е во хармонична љубов со Андреа Рајиќ, Србинка родена во Сараево.
Парот има три деца, а Анри има уште едно од првиот брак - ќерката што ја остави на само 2 години кога се заљуби во Андреа.

Иако Тиери (48) и Андреа (40) живеат хармонично и мирно, и се посветени на своето семејство, нивната љубовна приказна е скандалозна и не престанува да ја интригира (балканската) јавност.
Андреа и Тиери се запознаа во Барселона, каде што живееше сестрата на Андреа и тоа во времето кога фудбалерот играше во „Барса“.

По кратко познанство почнаа врска и иако на почетокот се обидоа да се сокријат од медиумите, тоа беше невозможно - нивни фотографии се појавија во весниците.
По ова изби скандал, зашто Андреа беше обвинета за разводот на познатиот фудбалер и неговата сопруга, британската манекенка Клер Мери, со која ја имаше ќерката Теа (во тоа време имаше 2 години).
Тиери, Андреа и сите 4 деца на фудбалерот
Но, Србинката ги негираше пишувањата и побара приватност.
Од друга страна, Анри реши да проговори за разводот, па во интервју кажа:
„Откако се иселивме од Англија, многу работи во мојот живот тргнаа во поинаков тек.

Сè се промени. За жал, и мојата сопруга.
Ова е многу тажно за мене и Мери, но човек мора да го препознае моментот кога треба да продолжи понатаму во својот живот“, рече тој по разводот.
