Ги остави сопругата и 2-годишната ќерката поради Србинка - Скандалозната љубовна приказна на Тиери Анри и Андреа
За Андреа, медиумите на почетокот пишуваа дека е манекенка, но таа го негираше и ова.
Таа од самиот почеток се обидува да остане во сенка на популарниот сопруг и не сака медиумите да пишуваат за неа.

„Јас сум затворена личност и не би сакала да давам никакви изјави.
Знаете како е со луѓе како Тиери и под каков притисок се наоѓаат како јавни личности.

Двајцата се согласуваме да не споделуваме детали за нашата врска. Вистината е дека сме заедно околу една година и се запознавме во Шпанија.
Никогаш не сум била модел, иако тоа го пишуваа медиумите, но дипломирав менаџмент во Америка.
Не би сакала да откривам повеќе од тоа“, рекла Рајачиќ пред повеќе од деценија и пол.

Парот има три деца, синовите Тристан и Габриел, и ќерката Татјана.
Познато е и дека татко на Андреа е Небојша Рајачиќ, пластичен хирург кој во последните 20 години води клиника за третман на изгореници и пластична хирургија во Кувајт, додека нејзината мајка, Татјана, е професорка по руски јазик.

Тие ги испратиле двете ќерки, Андреа и Јована да студираат во САД, а по студиите, Јована отиде во Барселона, каде што Андреа ја пронајде љубовта на својот живот.
Денес Тиери често споделува фотки со саканата, со која е заедно од 2008 година.

Тие често одат на разни јавни и спортски настани, но убавата Србинка и понатаму „бега“ од медиумите.
Повремено заедно го посетуваат и нејзиното родно Сараево, а често одат и на Јахорина, каде што семејството Рајачиќ има викендичка.

А. Ј. | Црнобело