Мистериозната смрт на познат полски јутјубер: Пронајден е во стан во Загреб цел месец откако исчезнал
- Детали
- среда, 13 мај 2026
23-годишниот јутјубер Никодем Чижевски од Полска последен пат разговарал со неговото семејство на 8-ми април. Оттогаш му се изгубила секаква трага, сè до почетокот од мај, кога хрватската полиција го пронашла мртов во изнајмен стан во Загреб.

На 2-ри мај, во Загреб било пронајдено мртвото тело на Никодем Чижевски – популарен јутјубер од Полска кој беше познат под псевдонимот Lil Narcyz.
Јутјуберот се водел за исчезнат речиси цел месец, но неговите следбеници изразуваа загриженост за него уште пред неколку години, откако одеднаш престана да објавува видеа на Јутјуб.
Никодем имаше само 23 години и иако за Jutarnji list полицијата изјавила дека не се сомневаат за насилна смрт, целата ситуација е обвиена со мистерија.
Што знаеме за младиот јутјубер и неговата трагична смрт?
Никодем се прослави со неговиот Јутјуб канал каде што споделуваше детали од секојдневието, како и комични видеа.
Доста популарни беа и неговите навредувачки песни за други артисти, од кои дел имаат и по милиони прегледи.
Каналот на Никодем го следат речиси половина милиони корисници, а истовремено имаше и профили на Инстаграм и ТикТок.
Но, поради некоја причина, пред неколку години Никодем престана да објавува на Јутјуб и неговото последно видео е од ноември 2021 година.
Сепак, продолжи да објавува на ТикТок, најчесто видеа во кои носи провокативна облека. Според видеата, тој некој период живеел во Загреб од каде што снимал и најголем дел од неговите содржини.
Според полските медиуми, јутјуберот исчезнал на почетокот од април – последен пат разговарал со семејството на осми април.
Потоа членовите на неговото семејство не можеле да допрат во контакт со него, па решиле да ја известат полицијата.
Овој период немаше ни нови објави од 23-годишниот јутјубер.
Речиси цел месец надлежните трагале по Никодем, додека на социјалните мрежи неговите следбеници постојано прашуваа за новости во врска со исчезнувањето.