Мистериозната смрт на познат полски јутјубер: Пронајден е во стан во Загреб цел месец откако исчезнал
Неодамна, надлежните открија дека Никодем бил пронајден мртов во Загреб, во стан кој го изнајмувал.
Властите во Полска открија дека неколку тимови биле вклучени во потрагата по јутјуберот и следеле неколку траги пред да го лоцираат во Загреб.
Засега не откриваат детали за случајот, поради што онлајн веќе се шпекулира за чудните околности.
Многумина се прашуваат и што се случувало во четирите недели додека јутјуберот се водел за исчезнат.
За јавноста не е познато ни кога точно починал.
„Тажно е што почина, особено по чудното исчезнување“ и „Искрено, не ми се верува дека заврши вака. Се надевавме дека ќе го пронајдат. Почивај во мир“ се дел од коментарите за трагичната смрт на јутјуберот.
Спирова С. | Црнобело