Имаа најраскошна свадба на српската естрада, но тој ја забремени љубовницата - Се разведе, па чека дете со неа
- Детали
- сабота, 23 мај 2026
На нивната свадба беше присутна цела српска естрада. Се одржала само еден ден пред роденденот на Брена, па младенците ѝ приредиле специјално изненадување – торта со нејзиниот лик, а таа им била една од првите гости. Но, сега „круната на тајната љубов на Марко“ пристигнува за шест месеци, тој чека дете со друга жена.

Српската пејачка Гога Бабиќ (поранешно Гачиќ) го заврши бракот со својот колега Марко Гачиќ, по осум години заеднички живот. Парот има две деца.

Нивната романса важеше за исклучително хармонична, а свадбената прослава остана запаметена како еден од најгламурозните настани на српската естрада.

Кога го изговориле судбоносното „да“, невестата носела неверојатно раскошна венчаница, а таква била и целата прослава. На истиот ден ја направиле и крштевката на ќерката.
Почитувајќи ги народните обичаи, пред црквата ги пречекале трубачи, а фолк-ѕвездата Лепа Брена била меѓу првите гости што заиграле со младенците.

Бидејќи свадбата била закажана само еден ден пред роденденот на Брена, младенците ѝ приредиле специјално изненадување – торта со нејзиниот лик.
Погледнете ги видеата од свадбата:
Но сега, српските медиуми пишуваат за крахот на бракот меѓу Гога и Марко Гачиќ.

Тие неодамна ги потпишале документите за развод, а според српските медиуми, Марко наводно очекува дете со новата партнерка.
Како што се наведува, Марко и неговата нова девојка се пресреќни што ќе станат родители.
