Се откажа од сопствената сестра, 12 години се понижуваат јавно - Продолжува „војната“ меѓу сестрите Ковач

Во 2014 година Кристина објави отворено писмо на Фејсбук во кое напиша дека партнерот на Александра, музичкиот продуцент Роман Горшек, ја нападнал, а сестра ѝ не застанала на нејзина страна во таа пригода.

„Она што го изрече партнерот на сестра ми беше скандалозно и непријатно за читање.

Првпат ме исплука јавно кога Нина (Радојичиќ, н.з) ја пееше песната „Чаробан“ на домашниот натпревар за Евросонг, а истовремено Александра ја пееше својата песна „Идемо даље“.

Нема да навлегувам во ситници, но оние што ме познаваат се свесни за тагата и проблемите што со години се поврзани со мојот однос со мојата некогаш најблиска сестра на светот.

se-otkazha-od-sopstvenata-sestra-12-godini-ja-ponizhuva-javno-prodolzhuva-vojnata-megju-sestrite-kovach-08.jpg

Кого и што сака, тоа е нејзина работа. Што сè ќе направи за него - исто така.

Но, фактот што нејзиниот животен партнер јавно плука по нејзината сопствена сестра е дел од нејзиниот однос со мене“ - напиша Кристина во тоа време, објаснувајќи дека кавгата избувнала поради хорот Хардкорус и дека Горшек ја нападнал, а нејзината постара сестра не ја бранела.

se-otkazha-od-sopstvenata-sestra-12-godini-ja-ponizhuva-javno-prodolzhuva-vojnata-megju-sestrite-kovach-06.jpeg

Низ годините Александра неколкупати кажа дека никогаш не зборувала лошо за Кристина, но кога ќе се случеше тоа, почнуваа новите напади од страна на Кристина кон Александра.

„Ми се припишува дека сум сестромрзец, дека јавно се карам со неа и ги срамам мртвите родители, иако сите знаат дека не сум кажала погрден збор ни за неа ни за некоја личност.

Ги молам сите кои исклучиво ги интересира срамното „ријалити“, кое таа го базираше на лаги и љубомора, да сфатат дека таа не е дел од мојот живот од 2014-та и дека веќе никогаш нема да биде. Точка,“ напиша Александра.

se-otkazha-od-sopstvenata-sestra-12-godini-ja-ponizhuva-javno-prodolzhuva-vojnata-megju-sestrite-kovach-05.jpg

Инаку, нивната најмала сестра Ања застана на страната на Александра во сестринската караница.

„Размислувам да напишам книга (жанр психолошки хорор) за длабоко несреќна и вознемирена жена која сака внимание до таа мера, што неразумно ќе плука по сопствената сестра со надеж дека некој ќе ја погали по главата и ќе ѝ каже дека е добра и паметна (спојлер: не е).

Нема среќен крај сè додека не сфати дека таа е проблемот и дека можеби треба да работи на тоа со професионална психијатриска помош. Фикција, се разбира“, напиша тогаш Ања.

se-otkazha-od-sopstvenata-sestra-12-godini-ja-ponizhuva-javno-prodolzhuva-vojnata-megju-sestrite-kovach-07.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Сестрите Едита и Инди Арадиновиќ се тепаа на улица, сега пак разговараат: „Можеби ќе биде човек и ќе... „Мојата драга сестра се гордее со тоа што не зборувавме, но ќе ѝ простам сè, сеп...
Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...

Најчитани неделава