Сестрите Едита и Инди Арадиновиќ се тепаа на улица, сега пак разговараат: „Можеби ќе биде човек и ќе ми даде да го видам бебето“
- Детали
- петок, 12 јуни 2026
„Мојата драга сестра се гордее со тоа што не зборувавме, но ќе ѝ простам сè, сепак е бремена. Ние немаме однос една со друга, тоа е тоа. Среќна сум што ќе станам тетка, а таа, можеби ќе биде човек и ќе ми дозволи да го видам бебето. Да не сме сестри, немаше да се дружиме“, рекла Инди, сестрата на Едита Арадиновиќ.

Сестрите пејачки Едита и Инди Арадиновиќ со години не се во добри односи.
Тие имаа фаза кога не сакаа да се видат една со друга, се степаа на паркинг (а во тепачката ѝ пукнал силиконот на Инди) и видеото од тепачката беше објавено на интернет, се откажаа јавно една од друга.
Но, по големите проблеми и превирања меѓу нив, тие сега повторно разговараат, иако не се воопшто блиски.

Причината за смирувањето е бременоста на Едита, која наскоро треба да стане мајка, а Инди ќе биде тетка.
Неодамна, Инди се појави на настан во Белград, каде што новинарите, меѓу другото, ја прашаа и за односот со сестра ѝ денес.

Таа кажа дека и понатаму Едита ѝ е блокирана на социјалните мрежи, а дека и покрај несогласувањата и оддалеченоста, таа сепак чувствува емоционална поддршка од својата сестра.
„Мојата драга сестра се гордее со тоа што не зборувавме, но ќе ѝ простам сè, сепак е бремена.
Ние немаме однос една со друга, тоа е тоа.

Среќна сум што ќе станам тетка, а таа, можеби ќе биде човек и ќе ми дозволи да го видам бебето.
Да не сме сестри, немаше да се дружиме“, рекла.

За потсетување, Едита е во осмиот месец од бременоста.
Брзо откако јавноста дозна дека ќе стане мајка, таа раскина со таткото на бебето и реши, во поголемиот дел, сама да се грижи за него.

А. Ј. | Црнобело