Ја нарекуваа бугарска „фолк Барби“, роди на 38 години – Каде исчезна Гергана, која сите ја обожаваа?
- Детали
- понеделник, 25 мај 2026
Беше најголема тинејџерска ѕвезда во времето на „Планета ТВ“, најголем хит ѝ беше „Губя те бавно“, но исчезна од сцената и јавноста, па шпекулираа дека работи во маркет, иако студирала и имала сосема друга професија - се сеќавате ли на бугарската поп-фолк барбика, Гергана?

Се сеќавате ли на старите времиња на почетокот на 2000-тите, кога многумина дури и кај нас слушаа „Планета ТВ“, а најголеми ѕвезди на бугарската фолк-сцена беа Гергана, Марија, Преслава...?
Гергана, која денес има 41 година, тогаш беше млада русокоса девојка, која ја почна кариерата рано и беше омилена тин-ѕвезда во тој период.

Најголемиот хит ѝ беше „Губя те бавно“, песна по која сите ја препознаваа, а благодарение на изгледот, ја нарекуваа фолк Барби.
Таа беше дел од генерацијата пејачи во периодот кој се смета за најуспешен на бугарската поп-фолк сцена, но релативно рана се повлече од јавноста и музичката сцена.
Во минатото беше дел од скандал поврзан со плагијатизам, за кој се извини, а брзо потоа исчезна.
Нејзината последна песна е снимена во 2018-та, а од 2021 речиси ѝ се губи трагот и медиумите шпекулираа дека наводно била продавачка во маркет.

Сепак, изгледа таа изминатите години ги искористила за образование, дипломирала на Факултетот за геологија во Софија, била куратор во музеј, а наводно, на 38-годишна возраст првпат се остварила како мајка.
Сега бугарските медиуми пишуваат дека се очекува нејзиното враќање на музичката сцена, односно се подготвува да гостува на концертот на пејачката Анелија во ноември, каде ќе го изведат нивниот дует од пред 22 години, „За теб, любов“.

Гергана го избриша Инстаграм профилот, а на социјалните мрежи е присутна на Фејсбук, каде ретко споделува свои фотографии, а последните фотки на кои може да се види нејзиниот лик, се од 2020 и 2022 година.

М. М. | Црнобело
