Рики Мартин имаше бесплатен концерт на 330km од Скопје – фрлен солзавец, спектакл со огномет во Подгорица
- Детали
- петок, 22 мај 2026
И покрај инцидентот, Рики Maртин донесе одлука да се врати и да го доврши настапот за своите фанови. Со враќањето на сцената по тоа што се случило, тој покажа каков професионалец е. На сцената се појави и Кнез и низа црногорски изведувачи.

Рики Мартин вчера одржа концертот во Подгорица, по повод 20-годишнината од обновувањето на независноста на Црна Гора, кој беше бесплатен за посетителите.

За жал, концертот беше накратко прекинат откако едно лице фрлило солзавец кон сцената.
И покрај инцидентот, Рики донесе одлука да се врати и да го доврши настапот за своите фанови. Со враќањето на сцената по тоа што се случило, тој покажа каков професионалец е.

Инаку, на 330km од Скопје, Подгорица вчера беше регионален музички епицентар, а врвот на прославата беше спектакуларниот концерт на светската музичка ѕвезда, кој привлече илјадници посетители, но и огнометот.
@pobjeda80 Koncert Rikija Martina u Podgorici nastavljen je nakon što je večeras nakratko bio prekinut. Razlog je to što je bačen suzavac nedaleko od bine. Velika masa ljudi odjednom se razbježala, a pjevač je sklonjen sa bine. Nakon 15-ak minuta koncert je nastavljen. #fyp #podgorica #pobjeda
♬ original sound - Pobjeda
Десетици илјади граѓани го исполнија плоштадот Плоштад на независноста за во живо да го проследат настапот на порториканската ѕвезда, пренесуваат црногорските медиуми.

Пред настапот на Рики Мартин, публиката ја загреале црногорски изведувачи. Свеченоста ја збогатиле Тамара Живковиќ, Милена Вучиќ, Ненад Кнежевиќ Кнез, Сергеј Четковиќ итн.
