Скандалозниот рапер Десингерица се избрука – не знаеше која е Калиопи, Карлеуша го нападна: „Таа е најголема македонска ѕвезда“
- Детали
- петок, 22 мај 2026
Во „Пинкови ѕвезди“, Десингерица даде засрамувачки коментар дека мислел дека Калиопи е туристичко место во Грција, па Огњен Амиџиќ го исмејуваше со коментари, а Карлеуша го нападна, велејќи: „Таа е најдобрата македонска поп пејачка!“.

Во последната епизода од музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“, настапи 28-годишната Драгана Митровиќ, која доби комплимент дека наликува на Калиопи.

Но, на социјалните мрежи се прошири видео од моментот кога српскиот рапер Драгомир Деспиќ – Десингерица, познат по своето скандалозно и недолично однесување, прашува што е тоа Калиопи.
„Сфатив, односно открив на кого ти мене ми личиш. Како млада Калиопи си. Ти си тој тип, дури ја имаш и таа боја на гласот“ – вели Карлеуша на натпреварувачката, а Вики Миљковиќ додава: „Да, дури и личи на неа“.

На овие коментари и пофалби за учесничката, Десингерица, кој е дел од жирито, облечен во тренерки, ноншалантно прашува:
„А што е тоа Калиопи? Тоа звучи како море, како некое место на краците“, на што Огњен Амиџиќ саркастично му одговара исмевајќи го: „Да да, тоа е четвртиот крак на Халкидики, така е“.

Јелена, тотално збунета од прашањето, нападно му одговара: „Калиопи е македонска пејачка. Тоа е најголема македонска ѕвезда, најголема македонска поп женска ѕвезда!“.

Огњен пак, предложи натпреварувачката во следната емисија да ја пее „Црно и бело“ од нашата поп-дива Калиопи, која освен кај нас, е обожавана и од публиката во Србија и целиот регион.
Погледнете го видеото:
Инаку, Десингерица е познат по своето скандалозно однесување од кое многумина се згрозуваат и по тоа дека сака да прави шоу, правејќи се дека не знае нешто, сакајќи да се направи забавен, но и да исмејува, па многумина велат и дека веројатно намерно прашува бесмислени прашања иако го знае одговорот.

Во коментари под видеото, реакциите на луѓето од регионот:
„Боже Господе“.
„Нема поим од животот тој, му се гледа на лице, а не ни пробува да скрие“.
„Знае Деспиќ многу добро, само што е одличен глумец“.
„Народот никако да прифати дека ова е шоу програма, исценирана“.

Погледнете го настапот на пејачката и проценете дали и вам ве потсеќа на Калиопи (настапот почнува на 2:32:20):
М. М. | Црнобело