Српски актер (51) за скандалозната врска со 23 години помладата девојка: „За мене најважно беше син ми да ја прифати“
- Детали
- сабота, 30 мај 2026
„Јас веќе не барам одобрување... За мене најважно беше мојот син да ја прифати“, изјави неодамна актерот Вахидин Прелиќ (51) од Србија за својата избраничка, а таа откри зошто татко ѝ не го сака и е против нивната врска.

Актерот Вахидин Прелиќ (51) од Србија, кој е познат по улогите во неколку српски серии, како што е „Калкански кругови“, каде го толкува мистериозниот полицаец Баста, потоа „Ургентни центар“, „Убице мог оца“ и „Игра судбине“, каде ја има улогата на психијатарот Данило Поповиќ, во приватниот живот е во врска со 23 години помлада девојка.

Toj отворено зборува за љубовта со 23 години помладата студентка Бојана и предрасудите со кои се соочиле.
Постар е од нејзините родители и тие се спротивставиле на нивната љубов.

Но, и покрај критиките, актерот сега повторно сподели фотографија со својата избраничка и откри зошто се заљубил во неа.
„Кога нечие присуство ти ги смирува сите бури во главата“, напиша тој и додаде цитат:
„Заљуби се во некој поради кого ќе се прашуваш зошто на почетокот воопшто си се плашел од вљубување“, напиша тој во описот.
Актерот и неговата избраничка неодамна гостуваа во подкастот „Ослободување“ каде зборуваа за нивната врска.

„Јас целосно можам да разберам дека е чудно и дека тој е на иста возраст со моите родители“, започна Бојана, а актерот ја прекина:
„Постар сум. Една година од татко ѝ, од мајка ѝ три“.

Бојана вели:
„Студирам психологија и навистина се трудам да ја разберам другата страна. Понекогаш тоа не ми оди во корист затоа што тогаш премногу попуштам.
Не очекував дека ќе бидат супер, дека ќе бидат воодушевени, но очекував да ме разберат, да бидам нивното дете“.