Туристка истура пепел на почината личност низ улиците на Санторини – локалците гневни, ја осудуваат (видео)
Како што пренесува Greek City Times, во Грција расфрлањето пепел е можно под одредени услови.
Иако не секогаш е потребно да се извади дозвола, се очекува пепелта на починатите да се расфрла на ненаселено место или во морето.
Санторини веќе има сериозни проблеми со преголем број туристи, а за многу локалци ваквото однесување ја прелива чашата.
Изминативе неколку години на островот се воспоставија правила со кои се намалува бројот на туристи со цел да се намали притисокот на локалната инфраструктура.
Но, сепак, островот останува една од најпосетените грчки дестинации.
Засега жената од видеото се нема огласено.
Погледнете го видеото:
Спирова С. | Црнобело