Туристка истура пепел на почината личност низ улиците на Санторини – локалците гневни, ја осудуваат (видео)
- Детали
- среда, 03 јуни 2026
На вирално видео се гледа како жена истура пепел од почината личност низ улиците на Санторини, и тоа пред домови. Очекувано, потегот наиде на остри критики, особено од локалците на кои веќе им е „преку глава“ од несовесни туристи.

Деновиве вирално се споделува видео од Санторини, на кое се гледа како жена истура нешто по улиците на грчкиот остров.
Жената, за која се претпоставува дека е Британка, всушност истура пепел на почината личност – нешто што очекувано предизвика лавина реакции.
Додека жената ја истура пепелта пред куќи, зад неа одат неколку мажи кои ја пеат песната на Боб Марли Three Little Birds.
Инцидентот се случил на северниот дел на Санторини, во гратчето Ија.
Не е познато кога точно е снимено видеото, но на интернет се прослави по 25-ти мај, откако беше споделено на Редит.
Според некои (непроверени) информации, желбата на почината личност била нејзината пепел да се расфрла низ улиците на Санторини.
Иако можеби жената мислела дека прави добар гест што ѝ ја исполнува желбата, локалците реагираат бурно на ова.
Многу жители на Санторини, но и Грци воопшто, коментираат на социјалните мрежи дека некои туристи се однесуваат ужасно.
„Ова не е нормално ниту легално ви Англија. Британците ќе имаат иста реакција како нас ако некој турист направи нешто вакво кај нив“, гласи еден од многуте коментари.
Веста се сподели на грчките медиуми, а за Greek City Times, претставник на Стопанската комора на Санторини го осудува потегот на жената:
„Не можете да расфрлате пепел каде било. Ветрот ќе ја разнесе низ јавни места, продавници и приватни имоти. Мора да има ограничувања“.