Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак Ѓоковиќ?
Токму поради тоа решила поактивно да се вклучи во проекти што го промовираат менталното здравје кај младите и ја подигаат свеста за важноста на разговорот за психолошките проблеми.

Во едно од своите најискрени интервјуа, Јелена зборуваше и за тоа како долго време ја погодувало што јавноста нејзината работа често ја гледала низ призмата на успехот на нејзиниот сопруг.

„Се обидував да се натпреварувам со Новак. Мислев дека не добивам доволно признание што го заслужувам и дека мојата работа не се гледа затоа што сè се одвива зад сцената.
Сè што правев беше невидливо“.


Додала дека со текот на времето научила да ја прифати својата позиција и дека денес со гордост ја носи титулата сопруга на Новак Ѓоковиќ.
„Некогаш ме болеше тоа што ме препознаваа само како негова сопруга, а денес тоа го носам со гордост“.

Јелена зборуваше и за предизвиците на родителството, признавајќи дека улогата на мајка целосно ѝ ги променила приоритетите.
„Посветена сум на децата и целосно им се давам. И Новак ми е како дете, бара многу внимание. Имам полни раце работа“, се пошегува таа во една пригода.




С. С. | Црнобело