Се гордее со стомачните мускули на синот на 6-тиот роденден: Вељко Ражнатовиќ ужива во семејната идила, откако се врати од Русија
- Детали
- среда, 03 јуни 2026
По долг период во Русија, Вељко се врати дома и ужива во миговите со семејството. Денес го слави роденденот на својот најстар син, кој очигледно вежба, по стапките на тато. Неговите стомачни мускули ги поделија мислењата.

Во домот на Вељко Ражнатовиќ денес има голема причина за славење, бидејќи неговиот најстар син, Жељко Ражнатовиќ, го прославува својот шести роденден.

Гордиот татко не ја пропушти можноста овој важен момент да го сподели со своите следбеници на Инстаграм, каде што објави фотографија со честитка за својот првенец.
„Среќен роденден, тигре“, напиша Ражнатовиќ.
Но, неговите следбеници најмногу ги изненадија стомачните мускули на малиот Жељко, кој очигледно вежба, како и тато.
По повод роденденот се огласи и сестрата на Вељко, Анастасија Ражнатовиќ, која сподели неколку фотографии од својот внук, меѓу кои и заеднички фотографии со неа и сопругот Гудељ.


Aнастасија сподели и AI фотографија со починатиот Аркан:

Инаку, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ се горди родители на тројца синови – Жељко, Исаија и Крстан.