„Едвај врзувавме крај со крај, растев во шупа без струја“ - Емотивна исповед на српска пејачка, која живее во вила од 700.000 евра
- Детали
- недела, 14 јуни 2026
„Мојата животна приказна, од детството до денес, секогаш беше исполнета со маки. Ништо не ми одеше лесно. Носев парчиња облека што соседите ми ги подаруваа, немав што да облечам....“, емотивно вели Гоца Божиновска, чиј татко е со македонско потекло.

Пејачката Гоца Божиновска, чиј татко има македонско потекло, но таа е родена во Србија, пред успешната музичка кариера, имала детство полно со неизвесност, сиромаштија и семејно едвај врзувале крај со крај.

Гоца вели:
„Кога завршив средно училиште, татко ми очекуваше да запишам факултет, да направам нешто големо, сакаше да ме вработи.

Го добив тој работен ангажман и почнав да работам. По некое време почнав да плачам, бидејќи не сакав да ја работам таа работа, туку сакав само да пеам.

Помина долго време додека тој не го прифати повикот што јас го избрав“.

Пејачката уште од мали нозе работела за парче леб, но тоа искуство ѝ помогнало подоцна да се снајде во животот.
„Едвај врзувавме крај со крај! Носев парчиња облека што соседите ми ги подаруваа, немав што да облечам.
Претпладне одев на училиште, а попладне работев кај некого и кога ќе ми дадеа парче леб намачкано со кајмак, бев пресреќна!

Во текот на зимата јадевме компири што му ги даваа на татко ми кога работеше.
Верувајте ми, денес не можам ни да гледам компири, толку ми се омразени. Затоа денес можам да преживеам и со милиони, но и со еден денар, бидејќи сум навикната на сѐ“.
