Втората сопруга на миленикот од „Х Фактор“ ја нарекуваат „растурачка на бракови“, а првата дозна дека има тумор по разводот
- Детали
- недела, 21 јуни 2026
Лекарите ѝ давале само 30 проценти шанса да ја преживее операцијата, но сега првата сопруга на Алекса Перовиќ живее втор живот и вели: „Сите ние многу често во процесот на добивање втора шанса добиваме болни и големи лузни, но со нив доаѓа и нов бел лист на кој можеме да пишуваме“.

Српскиот пејач Алекса Перовиќ, кој се прослави со регионалното музичко шоу „X Фактор“, истата година кога се натпреваруваше и нашиот Даниел Кајмакоски, стана миленик во регионот кога на свои 17 години се натпреваруваше во ова шоу.
Потоа, тој стапи во брак со водителката Милица Пајчин, а сега има втора сопруга.

Пејачот Алекса Перовиќ и водителката Милица Пајчин се разведоа во 2023 година по шест години брак, во кој ги добија двете ќерки, Луна и Срна.

Иако по разводот јавно соопштија дека остануваат во пријателски односи, набргу потоа следуваше тежок период во нивните животи.
На Милица ѝ беше дијагностициран редок тумор – мезентерична циста.

Лекарите ѝ давале само 30 проценти шанса да ја преживее операцијата. За среќа, хируршкиот зафат бил успешен, а таа денес гордо ја носи лузната како симбол на својата најголема животна битка и победа.

Мезентерична циста е ретка, најчесто бенигна циста исполнета со течност која се развива во мезентериум — набор од ткиво што ги држи цревата прицврстени за задниот дел од стомачната празнина и содржи крвни садови, лимфни садови и нерви.
Во повеќето случаи не е малигна, но може да стане сериозна ако: пукне, се инфицира, предизвика извртување на цревата или доведе до цревна опструкција.

Токму поради овие можни компликации, лекарите често препорачуваат хируршко отстранување, особено ако цистата е голема или предизвикува симптоми.

Инаку, по закрепнувањето, Милица објави емотивна порака на Инстаграм:
„Сите ние многу често во процесот на добивање втора шанса добиваме болни и големи лузни, но со нив доаѓа и нов бел лист на кој можеме да пишуваме со некој нов фонт.
Не постои Инстаграм филтер што може да нè направи толку убави како лузните. Секоја е единствена и има своја приказна“.

Од друга страна, Алекса продолжи понатаму по разводот и во 2025 година повторно се ожени.
Неговата нова сопруга, Исидора Перовиќ, му роди син, но нивната семејна среќа набргу беше нарушена од негативни коментари и напади на социјалните мрежи.
