Цеца (52) без грам шминка се снима додека пее со македонски пејач - Oткри најслаба била со 54kg, а сега има 62kg
- Детали
- вторник, 16 јуни 2026
На видеото со Иван Милевски пејачката изгледа свежо и негувано дури и без шминка на 52 години, таа за два дена, на 16-ти јуни ќе наполни 53. Сте ја виделе ли во вакво издание досега? Плус, што јаде за фит изглед...

Светлана Цеца Ражнатовиќ (52) ги изненади своите следбеници со појавувањето на социјалните мрежи без грам шминка.

Интересно е што видеото го објави македонски пејач.

Иван Милевски, учесник во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, објави видео од музичко студио со неговата менторка Цеца.

Двајцата во опуштена атмосфера ја пеат познатата песна „Ој моја ружо румена“, која во оригинал ја изведуваше Шабан Шаулиќ.
Цеца пред камерата е целосно природна, без шминка, во лежерно издание со бела маичка на прерамки и светол џемпер, а од накит - само дискретни обетки.

Иван Милевски со објавата покажа дел од атмосферата во студиото, додека обожавателите во коментарите ја пофалија нивната интерпретација на песната, но и природниот изглед на Цеца.
