Вирално видео: Новак Ѓоковиќ танцува на „Бангаранга“ со бугарската евровизиска победничка и ќерка му во Атина
- Детали
- четврток, 18 јуни 2026
„Вчера сосема случајно го сретнав Новак додека вечерав – најнеочекуваната средба, но некако се чувствуваше како да било пишано да се случи“, напиша Дара и објави видео како танцува со тенискиот ас и ќерка му во Атина.

На 70-тото издание од Изборот за песна на Евровизија, победата ја освои Бугарија со вкупно 516 поени, од националните жири комисии беа на прво место со 204 поени, а публиката ја потврди убедливата победа со уште 312 поени.
На второто место заврши Израел, со вкупно 343 поени.

Бугарката Дара заслужено ја освои победата со песната „Бангаранга“, а по победата беше пречекана како хероина на аеродромот во Софија.
За заразноста на оваа песна сведочи и тоа што сите снимаат кореографии на неа, а меѓу нив беше и Новак Ѓоковиќ со својата ќерка Тара.

Постаро видео на кое Новак танцува со ќерка си на оваа песна:
Но, интересно е што сега Новак и Дара се сретнале сосема случајно за време на нејзино патување во Атина, па сите заедно снимија танцувачко видео.

Дара на својот Инстаграм профил напиша:
„Колку е мал светот. Кога судбината зборува, слушаш... и правиш Бангаранга.
Вчера сосема случајно го сретнав Новак додека вечерав – најнеочекуваната средба, но некако се чувствуваше како да било пишано да се случи“.



Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело