Изречена казна за родителите на детето-убиец од Рибникар: 14 години и 6 месеци за таткото, 2 години и 11 месеци за мајката
- Детали
- четврток, 18 јуни 2026
Таткото на Коста Кецмановиќ доби 14 години и 6 месеци зад решетки - приближно истата казна што ја бараше и самиот обвинител. Мајката на детето убиец доби две години и 11 месеци затвор.

Поминаа повеќе од три години од кобниот 3-ти мај, кога ученикот Коста Кецмановиќ уби 10 луѓе во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија.
Тогаш 13-годишниот Коста истрелал вкупно 45 куршуми, а покрај жртвите, имаше и пет ранети деца, како и еден ранет наставник.
Самиот повикал полиција, по што бил пренесен во Клиника за неврологија и психијатрија за деца каде што се наоѓа и денес.
Поради неговата возраст, Коста не подлежи на кривична одговорност, но на суд беа изведени неговите родители Владимир и Миљана Кецмановиќ.
Денес, 18-ти јуни, беше изречена казната и Миљана е осудена на две години и 11 месеци, додека Владимир на 14 години и шест месеци затвор.
Главниот обвинител бараше максимална казна за таткото, односно 14 години и 11 месеци, додека за мајката – три години затвор.
Владимир Кецмановиќ беше обвинет за тешки дела против општата сигурност и запуштање и злоупотребување на малолетно лице, додека неговата сопруга Миљана одговараше за запуштање на дете.
Ова е всушност второ судење за родителите на детето-убиец.
Претходно, Владимир беше осуден на 14 и пол години, додека мајка му на три и пол години затвор.
Сепак, Апелациониот суд во Белград укина голем дел од првостепената пресуда, па затоа судењето почна одново.
Спирова С. | Црнобело