Саша Ковачевиќ (40) за фит формата: „Се случува повеќе од половина година да не изедам ни коцка чоколадо“
- Детали
- вторник, 23 јуни 2026
Саша пие само вода и лимонада, додека бело вино си дозволува само кога има настапи, плус тренира пет до шест пати неделно, во зависност од деловните обврски. Oпсесија или здрав живот?

Пејачот Саша Ковачевиќ (40) исклучително внимава на својот изглед, а за да го задржи мускулестото тело, се придржува до строги правила поради кои избегнува слатки дури и по шест месеци во текот на годината.

За да ја одржи врвната форма, Саша Ковачевиќ веќе долго време следи посебен режим на исхрана.
„Се водам по свој режим веќе повеќе од седум години. Многу сум строг и кога станува збор за храната и за вежбањето. Се случувало повеќе од половина година да не изедам ни коцка чоколадо, толку сум дисциплиниран.
Тоа може да оди во крајност и да прерасне во некаков вид опсесија, како што моите блиски сакаат да се пошегуваат, но тоа е мој начин на живот“, изјавил пејачот во една прилика.

Неговото секојдневно мени главно се состои од риба, пилешко и говедско месо.
Од јаглехидрати консумира исклучиво ориз и компири, а на менито има и разновиден зеленчук и внимателно избрано овошје.

Кога станува збор за пијалаци, Саша пие вода и лимонада, додека бело вино си дозволува само кога има настапи.
Ваквата исхрана ја следат и интензивни физички активности, бидејќи Ковачевиќ тренира пет до шест пати неделно, во зависност од деловните обврски.

Инаку, Саша Ковачевиќ неодамна го изговори судбоносното „да“ на својата долгогодишна избраничка Зорана. Двајцата со нетрпение го очекуваат доаѓањето на нивното прво дете.
