Саша Ковачевиќ (40) за фит формата: „Се случува повеќе од половина година да не изедам ни коцка чоколадо“
„Што се однесува до мене, веќе неколку седмици сум оженет, но така се чувствувам речиси десет години. Ако ништо друго, вие медиумите повеќе нема да имате интересни прашања поврзани со свадбата.
Се трудевме да остане во тајност, а свадбата беше само за најблиските членови на семејството и пријателите.
Зорана и јас имавме околу дваесет гости. Уште од почетокот на нашата врска идејата беше венчавката да биде многу интимна“, откри Ковачевиќ во телевизиско интервју.

Иако првично сакале да се венчаат во странство, плановите се промениле поради убавата вест за бременоста:
„Сакавме венчавката да ја организираме надвор од Србија, но бидејќи Зорана сега е во петтиот месец од бременоста, се покажа дека е најдобро тоа да се направи тука, за да бидеме поблиску до роднините и пријателите“.


Кликнете на видеото од неговите тренинзи:
С. С. | Црнобело