Единствената преживеана Србинка од падот на настрешница во Нови Сад, која остана без нозе, положи за автомобил
- Детали
- среда, 24 јуни 2026
Теодора Мартинко, која според српските медиуми е единствената преживеана од падот на настрешницата во Нови Сад, неодамна положи за возачки испит. Иако поради трагедијата ѝ ги ампутираа нозете и дел од карлицата, Теодора не се откажува и е инспирација за сите нас.

На 1-ви ноември 2024 година, настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се сруши, а во трагедијата животот го изгубија 16 лица.
Имаше и тешко повредени, а меѓу нив е и младата Србинка Теодора Мартинко.
А, токму Теодора е доказ дека без разлика што ќе ни приреди животот, никогаш не треба да се откажуваме.
фото: Википедија
Поради несреќата, Теодора останала без двете нозе и дел од карлицата, а дури шест месеци била во животна опасност.
Според некои српски медиуми, Теодора е единствениот преживеан од луѓето врз кои паднала настрешницата.
Но, желбата за живот ја водела, а неодамнешна фотографија покажа и дека воопшто не планира да се откаже.
Фотографијата прво беше споделена од автошкола во Нови Сад и на неа се гледа Теодора која држи потврда за положен возачки испит.
„Особено драг кандидат и една од причините зошто ја сакаме оваа професија“, пишува на објавата.
Потоа фотографијата почна да се споделува вирално на социјалните мрежи.
„Единствената преживеана од настрешницата. Остана без двете нозе. Мајка, студентка и хероина. Теодора Мартинко преживеа, заздрави и еве сега положи возачки испит“, пишува на една од објавите.
фото: depositphotos.com
Во коментари, Србинката добива само честитки, а многу луѓе истакнуваат дека им е инспирација.
„Сите ние кои ја познаваме Теди, знаеме дека помалку од неа не ни можевме да очекуваме. Жена, мајка кралица. Наша лавица!“
„Луѓето занемуваат пред ваков борец. Секогаш да имаш таква насмевка“.
„Честитки. Ти си чудо. Ти посакувам здравје прекрасна девојко“.
Спирова С. | Црнобело