Србинката родена без раце, откако абортираше, не запира и продолжува да инспирира – сега учи да сурфа (видео)
- Детали
- четврток, 25 јуни 2026
Дејана Бачко, девојката од Србија родена без раце, неодамна откри дека абортирала заради неразвиени горни екстремитети и срцева мана на плодот, но таа е уште полна со живот и незапирлива, инспирира со својата сила за својата прва ќерка и сега објави видео како учи да сурфа, покажувајќи дека сè е возможно.

Дејана Бачко е Србинка родена без раце, која години наназад инспирира со својата сила и начинот на кој го живее животот, без ништо да ја спречи.
Иако нема раце, таа знае да вози со помош на нозе, готви, црта и ужива во секакви активности, а пред неколку години, ја роди и својата прва ќерка.
Погледнете видео од еден нејзин ден со сите обврски:
Во февруари годинава, со сопругот тие објавија дека таа е повторно бремена и очекуваат второ бебе, но за жал, го изгуби во 4-тиот месец од бременоста.
Тие ја соопштија веста по абортусот, кој се случил заради недостаток на горни екстремитети на плодот и срцева маана.
Дејана остана храбра и силна за својата ќерка, а на својот Инстаграм профил продолжува да објасвува фотки и видеа со кои инспирира и докажува дека ништо не е невозможно.
Последно таа сподели видео на кое учи да сурфа и покажа дека е незапирлива:
М. М. | Црнобело