Душко Тошиќ се смири со девојката Нора - „уловени“ заедно од папарацо фотографи, на луксузно место во Белград (фото)
- Детали
- четврток, 25 јуни 2026
Иако Нора му посветуваше тажни љубовни стихови, сега парот повторно е уловен заедно од папарацо фотографите на луксузно место во Белград. Тој во одело, таа во спортски аутфит со топ.

Во медиумите осамна информација за наводен раскин на Душко Тошиќ и атрактивната девојка Нора, но изгледа дека тие повторно се заедно.

Тие двајца сега биле видени заедно во Белград, откако заедно биле на ручек во еден ресторан на Дедиње, а српските папарацо фотографи ги уловиле.
Иако се очекувало дека како вљубен пар ќе одат рака под рака, тие се разделиле и оделе на растојание од околу еден метар пред фотографите.

Додека тој е облечен елегантно и за оваа пригода избрал кошула, панталони и мокасини, таа изгледа како да дошла од тренинг.
Носи кратки спортски шорцеви и топ кој ѝ ги истакнува градите.

Овој ресторан, според српските медиуми, се наоѓа на луксузна локација, па делува дека парот не штеди кога станува збор за заедничко поминато време.

Како што се наведува, Душко пристигнал прв во локалот, а 15 минути подоцна пристигнала и Нора, која влегла од друг влез.
Сопственикот на ресторанот лично ги одвел до масата, а биле сместени така што биле скриени од погледите на другите гости и седеле сами.

Потоа, тие заедно излегле од ресторанот и влегле во неговиот луксузен автомобил и тргнале во непознат правец.
Инаку, Нора пред веста за разделбата изјави дека е среќна со Тошиќ, велејќи:
„Среќна сум и вљубена во Душко“.

Кликнете на видеото со папарацо фоткитe од Душко и Нора:
Повеќе фотографии ТУКА...
С. С. | Црнобело