Ана Николиќ го прави љубоморен саканиот Рале, со AI фотка со заводник - тој закрепнува од операција на срце
- Детали
- сабота, 04 јули 2026
„Љубовта победува. Да немаше драма, немаше да нè има ни нас. Монотонијата убива. Вака постојано се случува нешто, а исходот е неизбежен – тоа е помирувањето“, вели Рале за скандалозната врска со Ана Николиќ, во која имаше и насилство.

Ана Николиќ е во скандалозна врска со Горан Ратковиќ Рале, а сега одлучи малку да ја „зачини“ ситуацијата и да го направи својот партнер љубоморен, па на Инстаграм објави провокативни фотографии на кои е во интимна поза со атрактивен маж со тетоважи.
На прв поглед, многумина помислија дека станува збор за актерот Микеле Мороне, но подоцна се покажа дека фотографиите се создадени со помош на вештачка интелигенција.

Откако фотографиите се појавија во јавноста, се огласи и Рале.
„Тоа е AI-фотографија, така ми кажа Ана. Ми рече дека станува збор за некој актер, но дека е монтажа“, изјави композиторот, додавајќи дека поради тоа немал причина да биде љубоморен.

Горан Ратковиќ Рале неодамна закрепнуваше од операција на срцето, а во една пригода истакна дека Ана му е најголемата поддршка во животот.

„Таа е толку интелигентна и духовита што само се смеам“, рече Рале, а на забелешката дека нивната врска ја одбележуваат честите кавги, додаде:
„Љубовта победува. Да го немаше тоа, немаше да нè има ни нас. Монотонијата убива. Вака постојано се случува нешто, а исходот е неизбежен – тоа е помирувањето“.

Рале во едно гостување во 2025-та зборуваше за скандалозната врска со Ана (кликнете на видеото):
С. С. | Црнобело