Една од најбогатите пејачки во регионот блеска во бикини на плажа, по раскинувањето со 19 години помладиот дечко
- Детали
- сабота, 11 јули 2026
Нејзиниот поранешен партнер Шиме Елез, некогашен учесник во реалното шоу „Господин Совршен“, се огласи по разделбата, но изгледа Маја Шупут не тагува премногу... Патува и изгледа подобро од кога било.

Маја Шупут, која важи за една од најбогатите пејачки во регионот, според пишувањата на српските медиуми, неодамна ја прекина врската со своето момче, кое е 19 години помладо од неа.


Сепак, изгледа дека таа не тагува многу, па неодамна ги спакува куферите и отпатува во Шпанија, каде што ужива во луксузен ресорт во близина на Марбеља.


Пејачката на социјалните мрежи сподели фотографии од својот одмор, а позираше и во бикини.
Инаку, нејзиниот поранешен партнер Шиме Елез, поранешен учесник во реалното шоу „Господин Совршен“, се огласи по нивното раскинување.


„Маја и јас никогаш не ги споделувавме нашите приватни моменти со јавноста. Нашето раскинување е приватна работа и така ќе остане“, изјави тој.

Инаку, зад себе Маја има и еден брак, во кој го доби синот Блум.