Ана Николиќ за разводот со Раста: „Ја шутираше вратата, му сметаше плачот на бебето - се спакува и си отиде“
- Детали
- сабота, 11 јули 2026
„Суштината е дека човекот ме напушти мене и Тара кога таа немаше ни 40 дена. Се спакува и си замина. Сè му пречеше – звукот на плачењето, буквално сè“, емотивно сподели Ана Николиќ во една пригода.

Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста беа во брак само една година и три месеци, а се разведоа додека нивната ќерка Тара беше уште бебе.

По многу години, Ана за српските медиуми проговори за разводот од Раста и ја раскажа својата страна од приказната.
Според нејзините тврдења, Стефан ги напуштил неа и нивната ќерка кога Тара имала само 40 дена, а му пречело дури и плачењето на детето.

Нејзината изјава за разводот:
„Суштината е дека човекот ме напушти мене и Тара кога таа немаше ни 40 дена.
Се спакува и си замина. Сè му пречеше – звукот на плачењето, буквално сè.

Не беше подготвен за таа улога, а мене никој не ме праша. По автоматизам бев подготвена, затоа што сум мајка.
Не му замерив само затоа што си замина, туку поради сè што се случуваше.

Таа врска беше турбулентна, а ова беше капката што ја прелеа чашата.
Удирање по вратите, хаос затоа што детето плаче. Имав дадилки кои беа тука 24 часа, не знаев кога која доаѓа и си оди.

Гледавме Нетфликс, детето плаче, јас веднаш станувам, а тој ми вели: ‘Зошто стануваш? Има дадилка.’“.
Денес, Ана е во врска со Рале, врска која повторно е турбулентна, а пак, Раста се посвети на поздрави навики и го смени имиџот комплетно.


С. С. | Црнобело