Наташа Беквалац блеска на море во Црна Гора, без грам шминка, со сестра си - не се знае која е позгодна
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
„Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и за куќичка на плажа... Деновиве навистина живееме токму така“, сподели Наташа Беквалац која повторно е на одмор со сестра ѝ Кристина.

Пејачката Наташа Беквалац сподели дека е на одмор на Јадранот, па уживаше од плажа до возење на брод.
Taa блеска без грам шминка, пие вино со сестра си и нивните деца околу нив, а има и впечатливи костими за капење.

Бидејќи очигледно сестра ѝ Кристина ѝ е најомиленото друштво, таа и овој пат е на одмор со неа.

Од Будва до Котор, тие уживаат на различни дестинации на црногорското приморје.

Во костим за капење позира самоуверено, а многумина коментираа дека никогаш не изгледала подобро.

Наташа сними и видео од својата ќерка Катја, која скокаше од брод во море.

Наташа на Инстаграм напиша:
„Можеби само ти треба поинаков воздух.
Отсекогаш сонував за живот покрај море и за куќичка на плажа... Деновиве навистина живееме токму така.
Среќно лето на сите! Бидете токму онакви какви што сте“.

