Јелена Карлеуша проговори кој сопруг ѝ бил подобар, какви девојки шета Душко сега, но и за бизарната понуда од Канје Вест

Овој пат, Карлеуша одлучи отворено да проговори и за својот однос со светски познатиот рапер Канје Вест и за деталите од соработката за која со месеци зборуваше целиот регион.

Карлеуша призна дека комуникацијата со славниот рапер и неговиот тим се движела кон голема меѓународна соработка, но дека барањата што биле поставени пред неа биле, според неа, во најмала рака бизарни и понижувачки.

jelena-karleusha-progovori-koj-soprug-i-bil-podobar-kakvi-devojki-sheta-dushko-sega-no-i-za-bizarnata-ponuda-od-kanje-vest-06.jpg

Иако потврди дека потпишала договор за доверливост, кој ја обврзува да не зборува за деталите од музичката и модната соработка со Канје, таа откри дека одбила да потпише втор договор.

Според неа, во тој документ имало екстремни барања што подразбирале нејзино јавно понижување – како, на пример, да лиже млеко од чинија поставена на подот и раперот да ја шета гола на поводник.

jelena-karleusha-progovori-koj-soprug-i-bil-podobar-kakvi-devojki-sheta-dushko-sega-no-i-za-bizarnata-ponuda-od-kanje-vest-04.jpg

Карлеуша објасни дека без двоумење ги одбила овие услови, свесна дека прифаќањето на такво нешто би значело крај на нејзината долгогодишна кариера и достоинство, што не сакала да го жртвува поради моментална светска популарност.

Во договорот, според неа, било предвидено раперот да ја шета целосно гола на поводник, третман што јавноста веќе подолго време го поврзува со партнерките на Канје Вест.

jelena-karleusha-progovori-koj-soprug-i-bil-podobar-kakvi-devojki-sheta-dushko-sega-no-i-za-bizarnata-ponuda-od-kanje-vest-09.jpg

Иако, според неа, многу светски ѕвезди и старлети би прифатиле речиси сè за дел од славата и глобалното внимание што го носи Канје Вест, таа одлучно рекла „не“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Душко Тошиќ го прослави 41-иот роденден во родното село - ја гушка мајка му, ќерките Атина и Ника со... Душко Тошиќ и покрај успехот и раскошот во кој ужива, никогаш не заборава од кад...
Душко Тошиќ и новата девојка се запознале пред 5 години, додека била во брак + Што мисли таа за Карл... Се запознале додека таа сè уште била во брак, но во врска се само пет месеци и о...
Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција среде ноќ + Сите нејзини пријави за насилство к... Јелена Карлеуша го пријавила поранешниот сопруг Душко Тошиќ поради упад во вилат...
Душко Тошиќ објави прва фотка со новата помлада девојка – почнале да живеат заедно, јавно се препира... Душко Тошиќ гордо објави прва фотка со својата 10 години помлада девојка, Нора, ...

Најчитани неделава