Анастасија Ражнатовиќ (28) со видео качена на грб кај Гудељ прослави 3 години брак, доби син - Која е нивната кума убавица Тара?
- Детали
- сабота, 18 јули 2026
„Таа ми е најдобра другарка. Таа ќе ми биде и кума на свадбата. За неа ништо не ми е тешко да направам. Се знаеме и се дружиме од мојата 12-та година“, изјави во една пригода Анастасија за Тара Милутиновиќ (32). Неодамна Анастасија се реализираше во улогата на мајка, по една неуспешна бременост.

Тара ѝ беше кума на Анастасија на тајната црковна венчавка со познатиот фудбалер Немања Гудељ.

Меѓутоа, покрај тоа што е кума на познатата пејачка, оваа атрактивна бринета има исклучително богата биографија, високо образование и славни корени.

Тара Милутиновиќ има дури две факултетски дипломи. Таа дипломирала актерска игра на Факултетот за современи уметности.
Но, нејзините интереси не завршуваат со уметноста. Тара успешно го завршила и Економскиот факултет.

Покрај актерството и економијата, таа поседува и исклучителен талент за пеење, што е уште една голема заедничка љубов што ја дели со својата кума Анастасија.
Тара Милутиновиќ потекнува од спортско семејство со богато историско наследство. Нејзин дедо е прочуениот и легендарен фудбалер Велибор Бора Милутиновиќ.

Анастасија и Тара се дружат уште од детството, а младата пејачка еднаш во една емисија откри како одлучила токму Тара да ѝ биде кума на венчавката и ѝ упатила емотивни зборови:
„Таа ми е најдобра другарка. Таа ќе ми биде и кума на свадбата. За неа ништо не ми е тешко да направам. Се знаеме и се дружиме од мојата 12-та година“.

Инаку, Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг Немања Гудељ неодамна ја прославија третата годишнина од бракот. По тој повод, таа се огласи на социјалните мрежи.

Анастасија сподели нивно приватно видео, снимено по едно вечерно излегување, на кое сопругот ја носи на грб бидејќи ја болеле нозете.
„Среќна ни трета годишнина од бракот, љубов моја! Засекогаш вака да ме носиш кога ме болат нозете. Те сакам најмногу!“, напиша таа во описот на објавата.
Кратко потоа тие ја известија јавноста дека на 15.07 станале родители. Анастасија ја криеше целата бременост.