Вељко Ражнатовиќ е среќен вујко - со сопругата пристигна во Шпанија да слави за бебето на Анастасија
- Детали
- петок, 17 јули 2026
Баба Цеца веќе е во Шпанија, сега пристигна и вујкото... Вељко Ражнатовиќ со својата убава сопруга Богдана стигнаа во Шпанија кај Анастасија и веднаш уживаа во возење со кабриолет. Се огласи и свекрвата на Анастасија: „Таму каде што се вложува труд и Бог помага“.

По веста дека Анастасија Ражнатовиќ се породи во приватна болница во Севиља и на синот му го даде името Илијан, нејзиниот брат Вељко и снаата Богдана веднаш ги спакуваа куферите и отпатуваа за Шпанија.

Новопечениот вујко и неговата сопруга не губеа време, туку веднаш по пристигнувањето се огласија на социјалните мрежи и покажаа како уживаат под жешкото шпанско сонце возејќи се со автомобил кабриолет.

Богдана сподели видео на кое блеска во впечатлива сино-бела летна комбинација со модерни очила за сонце.
Покрај неа, Вељко со насмевка вози видно расположен поради доаѓањето на новиот член на семејството.

Oвој пат парот отпатува без трите сина.
Ова видео од Севиља покажа дека семејството Ражнатовиќ е подготвено за голема прослава во Шпанија.

Анастасија Ражнатовиќ се породи на 15 јули во приватна болница во Севиља, а целото семејство Гудељ било покрај неа за да ѝ даде поддршка.

