Карлеуша со нова интимна исповед: „На мене се ‘палат’ и жени, моите партнери беа слабаци кои ме газеа и понижуваа“
- Детали
- недела, 26 јули 2026
„Минатата година имав слабак. Тој ги имаше сите предиспозиции да биде прекрасен - добар маж, убав, згоден, висок, млад, но не доволно силен за да застане до мене и да го издржи притисокот во тој момент на медиумски линч. Човекот избега“, вели Карлеуша за своите љубовни разочарувања.

Јелена Карлеуша неодамна промовираше нова музика, а со тоа почна и почесто да се појавува во медиумите.
Откако гостуваше во шоуто на Огњен Амиџиќ, таа се појави и во подкастот „Нешто различно 2.0“, а во кој, меѓу другото, зборуваше и за својот љубовен живот, но и мажите со кои била и кои ги окарактеризира како „слабаци“, зашто не можеле да се носат со неа и нејзината „машка енергија“.

„Во шоуто кај Огњен рече дека твој идеален маж би бил геј маж. Дали си сретнала стрејт маж кој може да те прифати каква што си?“, ја праша водителката.
На ова Карлеуша изјави дека не постои таков маж.
„Не. Го кажав тоа за геј мажите, затоа што тие не ме гледаат како соперник и конкуренција, како што ме гледаа сите мои партнери.
Геј мажите ме разбираат, ме чувствуваат, ме поддржуваат на прекрасен начин.
Имаме теми, исти афинитети, имаме исти идеали, имаме иста естетика. Меѓу нас не може да се испечи секс, страст, нешто што сè расипува.

Мене мажите не ме гледаат како жена, туку како соперник, некој со кого се натпреваруваат.
Имав несреќа да имам такви партнери или слабаци, кои не можат да го издржат тој притисок.
Јас верувам дека сум се поставувала не како партал пред нив, туку нормално, за да не ги разбудам тие комплекси кај нив, за да може да се чувствуваат поважни, посилни, помоќни.
Се воздржував, па почнуваа да ме газат, да ме понижуваат, сметајќи ме за помалку вредна.
Многу е тешко да се мечувате со мене, затоа што сум мачо“.

Јелена ја коментираше и врската со помладиот кошаркар Никола Јовановиќ, кој никогаш јавно не призна дека биле заедно, а која, според Карлеуша, престанала кога во јавноста се дозна дека тие се во врска.
„Минатата година имав слабак. Тој ги имаше сите предиспозиции да биде прекрасен - добар маж, убав, згоден, висок, млад, но не доволно силен за да застане до мене и да го издржи притисокот во тој момент на медиумски линч. Човекот избега“, вели таа.

Водителката ја праша и дали некогаш размислувала да влезе во врска со жена, но пејачката го негира тоа.
„Не. Јас сум досадно стрејт. За некои жени кои се наклонети кон истиот пол, навистина сум интересна, нивна мета сум, но јас не сум таков тип, ниту пак можам да го замислам тоа.
Јас сум вистински стрејт маж. Тоа е мојата енергија. Го кажувам тоа постојано.
Но, приватно сум многу нежна, жена што сака да се гали, како секоја нормална жена.
Навистина сум нормална. А луѓето мора да прават разлика помеѓу мојата улога во јавниот живот и мојот приватен живот“.

Погледнете го целото интервју:
А. Ј. | Црнобело