Мажот кој живее со Чедомир Јовановиќ се пофали со луксузната вила на Кипар - најубавиот српски политичар му готви ручек
- Детали
- четврток, 23 јули 2026
Имотот се наоѓа во луксузен комплекс на Кипар, со неколку исти вили, кои се поврзани со заедничко шеталиште, украсени со фонтани, палми и базени, а Александар, кој е наводно интимен партнер на Чеда, кажа дека тоа е мал рај во кој ќе ужива со пријателите и семејството.

Александар Кос, за кого српските медиуми веќе две години пишуваат дека е во интимна врска со најубавиот српски политичар, Чедомир Јовановиќ, минатата година купи имот на Кипар.
По скоро една година, тој на својот Инстаграм покажа како изгледа неговото „парче рај“ на море - луксузна вила во комплекс со базен, која има прекрасна градина и се наоѓа близу морето.

Тој објави видео на Инстаграм, на напиша „Ова е мојата куќа“.

Меѓу оние кои му честитаа на изборот, беше и пејачката Ана Бекута, која е блиска пријателка на Александар и Чедомир.
„Го заслужуваш тоа“, му напиша пејачката.
Имотот се наоѓа во луксузен комплекс со неколку вакви вили, кои се поврзани со заедничко шеталиште, украсени со фонтани, палми и базени.

Вилата има приземје и горен кат со неколку спални соби, па таа е пространа и резервирана за уживање со семејството и пријателите.
